Линкови за пристапност

Коњановски побарал поддршка од Гејтс за НАТО


Коњановски побарал поддршка од Гејтс за НАТО
Коњановски побарал поддршка од Гејтс за НАТО

Мекејн изразил поддршка за Македонија во преговорите за спорот со името

Од Кабинетот на министерот за одбрана Зоран Коњановски информираат дека на синоќешната получасасовна средба во Пентагон, секретарот за одбрана Роберт Гејтс бил импресиониран од реформите во одбрана и се заблагодарил за учеството во мировните мисии на армијата на Република Македонија.

Министерот Коњановски побарал поддршка од САД пред претстојниот Самит на НАТО во Лисабон. Двајцата министри дискутирале за идната соработка во мировните мисии ширум светот. По Пентагон, Коњановски имал средба и со републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој беше претседателски кандидат на изборите во 2008-ма.

Мекејн изразил поддршка за Македонија во преговорите за спорот со името, реформите во одбрана и членството во НАТО, наведуваат од Кабинетот на Коњановски.

XS
SM
MD
LG