Линкови за пристапност

Гејтс порачува армијата на САД да се реструктуира


Гејтс порачува армијата на САД да се реструктуира
Гејтс порачува армијата на САД да се реструктуира

Во спротивно, ризикува да биде неподготвена за конфликтите во иднина

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс предупредува дека армијата мора да се реструктуира, или, во спротивно, ризикува да биде неподготвена за конфликтите во иднина.

Во обраќањето пред идните офицери на академијата Вест поинт во Њујорк, првиот човек задолжен за одбраната на САД рече дека традиционалната армија, со големи единици кои користат тенкови и друго тешко оружје, се` повеќе станува застарена.

„Очигледно, постои ново стратешко размислување за брзи сили, без оглед дали се од армијата, маринците, воздухопловството, пешадијата или специјалните операции, со оглед на веројатноста од контратероризам, брза реакција, реакција на природни катастрофи или помош во мисии за стабилност и безбедност“, рече Гејтс.

Секретарот за одбрана појде и чекор понатаму, давајќи несекојдневна препорака: „Секој иден секретар за одбрана кој ќе го советува претседателот повторно да испрати многубројна американска армија во Азија, на Блискиот исток или во Африка, треба да појде на лекар за да му биде прегледана главата“.

Гејст е на мислење дека големите војни со други моќни држави најверојатно ќе се водат претежно со воздушни и поморски сили.

Тој ги повика младите офицери да размислуваат за веројатните копнени конфликти на 21-от век и да се обучат на таков начин што ќе им помогне да предводат во нив. Истовремено, ги предизвика денешните армиски лидери да почнат да ги трансформираат своите единици, обезбедувајќи поттици за младите офицери и лицата од средината на армиската хиерархија, да се обучат за современите вештини на војување, како контратерористички операции, на пример.

За секретарот за одбрана, еден од најголемите проблеми е дека искусната генерација на офицери, токму од средината на армиската хиерархија, може да ја напушти армијата за избегне понатамошно распоредување или пак да ги избегне здодевните повоени бирократски задачи.

Гејтс е загрижен дека напредокот кон вредностите на нетрадиционалните армиски вештини може да ослаби кога американските сили ќе заминат од Ирак и од Авганистан во наредните неколку години. Секретарот за одбрана, кој најави дека ќе се пензионира следната година, ги повика идните лидери да обезбедат дека армијата нема да се врати на традиционална улога на масовни копнени сили и дека ќе продолжи да ја брани нацијата од, како што подвлече, најверојатните сценарија.

XS
SM
MD
LG