Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека датумот за повлекување на американските војници од Авганистан во јули 2011-та е конечно решение, што е спротивно на ставовите од генералот Дејвид Петреус.
Додека обајцата се согласни за постепено повлекување, тие не се согласуваат за флексибилноста на почетокот на операцијата на враќање на војниците дома, што ја зацрта и претседателот Барак Обама.
Гејст за Лос Анџелес Тајмс рече дека не треба да се доведува во прашање почетокот на повлекувањето на војниците во јули 2011-та.
Сепак, Петреус во телевизиско интервју за Ен-Би-Си рече дека повлекувањето на армиските сили од Авганистан во јули 2011-та зависи од безбедносните услови на теренот во Авганистан.