Линкови за пристапност

Во Канада самит на Г8 и Г20


На Г-8 и Г-20 отпаѓаат околу 90% од глобалната економија и 80% од светската трговија

Светските државници собираат во Канада, на средби на главните индустријализирани земји во рамки на Групите Г-8 и Г-20. Во Торонто веќе пристигнаа рускиот претседател Дмитриј Медведев, јапонскиот премиер Наото Кан и неговиот британски колега Дејвид Камерун.

Во колумна во весникот Глоуб енд мејл, Камерун наведува дека ваквите средби треба да бидат повеќе од само подиуми за голема дискусија, односно да дадат напредок во клучните приоритети, како глобалната економија.

Официјални лица најавуваат државниците ќе дискутираат за безбедносни прашања што предизвикуваат загриженост, но и дека акцентот ќе биде и на тоа како да се обезбеди одржлив економски развој додека трае борбата со растечкиот буџетски дефицит.

Американскиот претседател Барак Обама најпрвин ќе учествува на средбата на Г-8 во Мускока, северно од Торонто, а потоа и на Г-20 во Торонто. На Г-8 и Г-20 отпаѓаат околу 90% од глобалната економија и 80% од светската трговија.

XS
SM
MD
LG