Линкови за пристапност

Македонија претпоследна во Европа и со најлош резултат на Балканот


Извештај на Фридом хаус
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Извештај на Фридом хаус

Разговор со Елен Агекијан од Фридом хаус за најновиот извештај „Слобода на печатот 2015-та“

Македонија е претпоследна во Европа и со најлош резултат на Балканот, според денес објавениот извештај „Слобода на печатот 2015-та“ на невладината организација Фридом хаус, со седиште во САД.

„Резултатот на Македонија опаднал за 10 поени во последните пет години, со што стои најлошо во регионот“, оценува Фридом хаус и како причини ги наведува затворањето на неколку опозициски-ориентирани медиуми и случајот на новинарот Томислав Кежаровски.

Годинава, Македонија е на 125-тото место од вкупно 199 држави и територии, со резултат од 58 поени, во средната група означена како „делумно слободни“ земји и за само три поени ја избегна групата „неслободни“. Лани беше на 122-рото место, со за еден поен подобар резултат - 57. Во Европа, од Македонија полошо е рангирана само Турција. На Балканот, пред Македонија како „делумно слободни“ се Грција, Босна и Хервеговина, Косово, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија, а како „слободна“ - Словенија.

Елен Агекијан, асистентка за истражување во Фридом хаус, анализира дека притисокот врз медиумите во минатата, изборна година, насилството врз новинарите и владините реклами како поддршка за провладините медиуми го снижиле рејтингот на Македонија.

„Македонската влада посекако има значително голем број на медиуми за коишто знае дека ќе бидат нејзини мгеафони. Пред изборите се случи една од главните ТВ-станици да објави едно доста конкретно упатство за избирачите како да гласаат. Гледаме мошне проблематична, мошне блиска врска меѓу приватните медиуми, чиишто сопственици можеби имаат политички врски, и македонската влада, особено во изборната 2014-та“, коментира Агекијан за Гласот на Америка.

За случајот со доставениот погребен венец до домот на новинарот Борјан Јовановски, Агекијан смета дека дека е илустрација на опасен тренд: „Во Македонија, како и во многу други соседни земји, меѓу повеќето админинистрации коишто се на власт постои мошне широко ниво на толеранција за нападите и непријателскиот однос кон новинарите коишто се независни гласови. Сметаме дека ова е еден од проблемите коишто овозможуваат и натаму да се случуваат вакви нешта“.

Многу мал број влади на Балканот, додава Агекијан, презеле енергични и решителни мерки да ја разбијат, како што ја карактеризира, веќе формираната клима дека насилството кон новинарите е нешто дозволено.

XS
SM
MD
LG