Линкови за пристапност

Идентификуван и втор француски државјанин


На снимката на ИД на којашто се гледа отсечената глава на американскиот хуманитарен работник Абдул-Рахман Касиг и погубување на најмалку 18 сириски војници

Француски официјални лица велат дека идентификувале и втор француски државјанин меѓу милитантите на видео-снимката на којашто се гледа отсечената глава на американскиот хуманитарен работник Абдул-Рахман Касиг, како и погубување на најмалку 18 сириски војници.

За време на посетата на Австралија, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека двајца француски државјани се на снимката што ја објави Исламската држава (ИД), но не даде детали. Истражни лица вруваат дека вториот француски државјанин е 22-годишник од предградие на Париз, којшто заминал за Сирија пред приближно една година. Во понеделникот, валстите го идентификуваа и првиот Французин на снимката - Максим Ошар, уште еден 22-годишник којшто отпатувал за Сирија минатата година.

Оланд ја потенцираше опасноста од, како што кажа, младите лица заведени од страна на милитантите во странство.

XS
SM
MD
LG