Организацијата за храна и земјоделие при ОН соопшти дека цените на храната ќе бидат нестабилни со години и бара меѓународната заедница да преземе акција за намалување на влијанието од трендот врз светски најсиромашното население.
Ова вторникот го изјави Хафез Ганем од Организацијата за храна и земјоделие, одговорен за економски и социјален развој.
Сушата во Русија, поплавите во Пакистан и лошите временски услови за жетвата насекаде во светот негативно се одразија на залихите на пченица и ориз. Додека цените не се на рекордното ниво од 2008-мата, тие се доволно високи за да предизвикаат немири како неодамнешните поврзани со недостиг на храна во Мозамбик во кои загинаа 13 лица, а стотици беа повредени или уапсени.
Авторите на студијата ги повикуваат владите во светот да преземат поефикасни чекори за да ја подобрат ситуацијата со навремено наводнување на посевите.
Истражување на Меѓународниот институт за управување со водата, објавено неделава, предупредува дека глобалното затоплување најверојатно ќе придонесе нередовните врнежи од дожд да станат уште почести во иднина.