Линкови за пристапност

Порастот на цените нова закана за и онака нискиот стандард на граѓаните на РМ


Порастот на цените нова закана за и онака нискиот стандард на граѓаните на РМ
Порастот на цените нова закана за и онака нискиот стандард на граѓаните на РМ

Народната банка веќе предупреди дека годинава инфлацијата ќе се зголемува поради растот на цените на храната на светските пазари

Лебот, шеќерот, зејтинот, земјоделските производи и слични прехранбени артикли поскапуваат. Според некои прогнози на екпертите, во септември основните прехранбени продукти може да поскапат за дури 25%, што ќе претставува сериозен удар за и онака никиот стандард на граѓаните.

Народната банка веќе предупреди дека годинава инфлацијата ќе се зголемува поради растот на цените на храната на светските пазари. Владата од своја страна вели дека ќе интервенира преку стоковните резерви ако се остварат прогнозите за 30-процентен раст на цените на прехранбените производи во септември. Вакво барање до владата упати и Синдикатот, загрижен за социјалната состојба на своето членство.

„Владата да интервенира со субвенционирање во делот на стоковните резерви за основните прехрамбени производи. Исто така, да имаме реална слика во делот на пресметките. Исто така, бараме дополнување на пресметките при формирањето на цената на т.н. кошничка за четиричлено семејство“, вели Живко Митревски, преседател на Сојузот на сидикатите.

Се огласија и опозиционерите кои ја повикаа владата да преземе мерки за да се избегне психоза и отворање на инфлаторна спирала.

Според некои експерти, ова е минлив бран на покачување на цените што се должи на извесни промени на светскиот пазар.

„Овој сегашен бран поскапувања е резултат на климатските услови. Во Русија има пожари поради топлотниот бран, ориз не расте во Индија бидејќи е многу топло, поплавите во Кина уништија дел од жетвата и така натаму. Цените на пет производи кои се во лебот се зголемуваат, ориз, соја, пченка, жито, јачмен. Не мислам дека ризикот од инфлација е многу висок, се должи на климатските услови и кога климата ќе се стабилизира, ефектот врз цените ќе биде минимален“, вели аналитичарот Сем Вакнин.

XS
SM
MD
LG