Линкови за пристапност

Трета жртва на сезонскиот грип и прв случај на Х1Н1 во Македонија


Трета жртва на сезонскиот грип и прв случај на Х1Н1 во Македонија
Трета жртва на сезонскиот грип и прв случај на Х1Н1 во Македонија

Според официјалните пријави, од инфлуенца Б заболени се 2.048 лица, но претпоставките се дека се работи за тројно повеќе.

Трета жртва на сезонскиот грип и прв случај на новиот грип Х1 Н1 во Македонија годинава. 33-годишен маж од Кочани е првиот заболен од тнр. свински грип по пандемијата во 2009-та. Тој е на Инфективната клиника во Скопје во сериозна здравствена состојба, за која лекарите се оптимиси дека наскоро ќе се подобри.

„Четврти ден е на механичка вентилација и е еден од потешките случаи. Има знаци на подобрување на неговата клиничка слика. Мислам дека ќе успееме да го излекуваме, вели д-р Илир Демири.

По Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора, и Македонија се запиша на листата на земјите од регионот кај кои свинскиот грип одново затропа на врата. Превентивно, на сите пациенти кои се јавуваат на Инфективната клиника под сомнение дека се заболени од инфлуенца, им се дава лекот Тамифлу.

Но, она што ги загрижува здравствените власти е сезонскиот грип инфлуенца Б, што вчера ја зеде и третата жртва во земјава - 22-годишна странска државјанка, која починала од компликации поради неневремено лекување.

„11 години дијабетес, со малку потешка клиичка слика, десетина дена нелекувана, донесена со респираторна слабост. И покрај преземените мерки, исходот беше фатален, вели д-р Демири.

Според официјалните пријави, од инфлуенца Б заболени се 2.048 лица, но претпоставките се дека се работи за тројно повеќе.

„Од октомври - досега во лабораторијата се примени 99 примероци од пациенти со симптоми на грип, од кои кај 22 е детектиран вирусот на инфлуенца тип Б, а кај еден пациент е детектирана сезонска инфлуенца А субтип Х3. Најголемиот број се крајот на декември - 909 случаи и на почетокот на јануари – 978“, вели Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје.

XS
SM
MD
LG