Линкови за пристапност

Убиена Македонка во Флорида


Убиена Македонка во Флорида
Убиена Македонка во Флорида

Трет македонски државјанин што го загуби животот летово во САД

Генералниот конзулат на Република Македонија во Њујорк за Гласот на Америка на македонски потврди дека во градот Клиар Вотерс во сојузната државата Флорида била убиена македонската државјанка Зорана Лебедиќ со истрел од огнено оружје, најверојатно во обид за грабеж додека возела велосипед. Американската полицијата врши истрага.

Аутопсијата е во тек. Семејството Лебедиќ во Македонија е информирано за трагичниот случај. Македонската државјанка престојувала легално во САД и била во посета на извесна асоцијација.

Летово уште две Македонки го загубија животот во САД – студенката Марија Костова во сообраќајна несреќа во Флорида, а студентката Ивана Тасева во поплава од ураганот Ајрин во Вермонт.

Во продолжение, слушнете ја изјавата на генералниот конзул на РМ во Њујорк, Звонко Муцунски:

XS
SM
MD
LG