Линкови за пристапност

Неуспешен обид да се преплива Флорида-Куба без кафез за ајкули


Неуспешен обид да се преплива Флорида-Куба без кафез за ајкули
Неуспешен обид да се преплива Флорида-Куба без кафез за ајкули

Најверојатна причина големи ветришта

Шеесет и едногодишната американска пливачка Дајана Нијад го прекина обидот да плива од најјужниот делови на Флорида до Куба без заштитен кафез за ајкули.

Таа имаше намера да стане првата жена што ќе ја исплива 165 километарната маршрута.

Како што објави на нејзиниот Твитер, Нијад била принудена да се откаже по 29 часа минати во море. Нејзината портпаролка рече дека таа се откажала заради збир на фактори, вклучувајќи и големи ветришта. Таа требаше подвигот да го заврши за 60 часа. Австралиската пливачка Сузан Марони ја комплетираше истата патека во 1997-ма, но со заштитен кафез за ајкули. Марони тогаш имаше 22 години.

XS
SM
MD
LG