Aмериканскиот главен правобранител Ерик Холдер ja обвини најголемата агенција за кредитен рејтинг во земјата, Стандард енд Пурс, дека ги лажела инвеститорите за квалитетот на комплексните инвестиции што играле клучна улога во финансиската криза. Холдер, кој тврди дека измамата ги чинела инвеститорите милијарди долари, поднесе тужба против агенцијата.
Обврзниците во прашање се пакети кредити за домување што на крајот се испоставило дека биле многу поризични отколку што индицирал кредитниот рејтинг. Комисијата која го истражувала случајот наведува дека агенциите за кредитен рејтинг биле клучни во овозможувањето на финансиската криза.
Стандард енд Пурс им кажал на инвеститорите дека ќе им даде објективна проценка на обврзниците. Холдер, пак, вели дека наместо тоа, агенцијата им дала високи рејтинзи за инвестициите, иако знаела дека тоа е неточно, затоа што била платена од компаниите кои ги издале обврзниците.
На Интернет-страницата на агенцијата пишува дека рејтинзите биле издавани без сокриени намери и не биле мотивирани од комерцијални причини. Претставници на агенцијата тврдат дека тужбата е без основа.
Тужбата поднесена понеделникот претставува прва посуштинска акција на владата против агенциите за кредитен рејтинг кои остварија значителен профит од проценувањето на ризикот на обврзниците.