Линкови за пристапност

Исцелител“ – најдобар филм на 13-от Македонски филмски фестивал во Торонто


„Исцелител“ – најдобар филм на 13-от Македонски филмски фестивал во Торонто
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Фестивалот и годинава покажа дека Македонија има талентирани филмаџии

На 13- тото издание на македонскиот филм во Торонто може да се опише како „семеен настан“. Со преку 20-тини документарци, кусометражни, долгометражи филмови, акцентот годинава беше ставен на Филмскиот живот на македонскиот филм „Исцелител“ (Secret Ingredient) на режисерот Ѓорче Ставрески.

Како и вообичаено на репертоарот доминираа теми кои го одбележаа и истакнува комплексниот македонски идентитет и неговите современи предизвици. Приказната во „Исцелител“ го следи животот на механичар од железничко депо, кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите, кои во него, гледаат нова надеж, исцелител. Станува збор за македонско-грчка филмска копродукција. „Исцелител“ ја имаше македонската премиера на „Синедејс“.

Елизабет Наумовски е од Бордот на директори на Филмскиот фестивал. Вели - уметноста е извонреден облик на изразување – „Ова е 13-ти Фестивал на македонскиот филм во Торонто. Извонреден настан не само за македонската заедница, туку и за градот Торонто. Можност да ја претставиме нашата храна, култура, музика, филм. Да покажеме дека имате талентирани филмаџии“.

Камерата на Гласот на Америка ги регистрираше очекувањата, впечатоците -

„Можност да се уверат за македонската култура ширум светот, и како Македонците се изразуваат преку филмот“.

„Лично, пред овој Фестивал, не знаев ниту еден филм од Македонија. Интересно е да се види како се изразуваат филмските работници од Македонија“.

Брилијантно е да се види културното наследство, за минатото, сегашноста, иднината. Се чекаше редица за билет повеќе. Актери, режисери, љубители на филмот во киното Карлстон. Македонскиот филмски фестивал ќе расте само ако расте бројноста на публиката вели организаторката Вирџинија Еванс, која над една деценија неуморно работи на реализирање на филмската смотра, која секоја година, традиционално, се одржува во главниот град за филмот во Канада.

Наградата за најдобар краток филм ја однесе „Последните црковни ѕвона“, за последниот селанец во напушено село којшто ги користи црковните ѕвона да комуницира со последниот селанец од соседно село. За најдобар документарец беше прогласен „Езеро од јаболка“ а најновиот американски филм на Милчо Манчевски „Бикини мун“, „Името си е име“ на Џејсон Мико и контроверзниот „Ругање со Христа“ на Јани Бојаџи привлекоа најголемо внимание од посетителите на 13-от Фестивал на македонскиот филм во Торонто.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG