Линкови за пристапност

Каматните стапки - непроменети


Американската централна банка објави дека ќе ги задржи каматните стапки непроменети, речиси на нула, каде што се последниве неколку години

По дводневна дебата претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен рече дека активностите во странство се земени во предвид.

„Зголемената загриженост за растежот во Кина и на пазарите на другите економии во подем донесе значајна нестабилност на финансиските пазари“, рече Јелен.

Многу официјални лица веруваат дека Федералните резерви, сепак, подоцна годинава, може малку да ги зголемат каматните стапки.

XS
SM
MD
LG