Линкови за пристапност

ФБИ бара пристап до шифрираните мобилни телефони


Директорот на ФБИ кажа дека новите заклучени телефони им одат во прилог на криминалците

Првиот човек на ФБИ се огласи против технологија на шифрирање на новите мобилни телефони, која како што кажа, може да им овозможи на убијците и педофилите да останат на слобода.

Директорот Џејмс Коми кажа дека тоа е како да се наоѓате пред сеф што не може да се пробие.

Коми рече дека истражителите со судски налог за пристап до складирани информации во мобилни телефони понекогаш не можат да дојдат до информациите во телефонот.

Ако новата технологија ова го направи рутина, тогаш осомничените за убиства и оние кои експлоатираат деца никогаш не ќе може да бидат изведени пред суд.

Поборниците за граѓански слободи и приватност велат дека шифрирањето помага воспречување на хакери, криминалци и разузнавачките акции на странски влади.

XS
SM
MD
LG