Линкови за пристапност

Фарма на доброволци храни гладни


Една фарма во Вирџинија реши да се зафати со проблемот - произведува свежа храна за гладните.

Гладта во САД не е толку распространета како во другите делови на светот. Па, сепак, според најнов извештај на добротворната организација „Хранење на Америка“, за 10 милиони американски домаќинства секој нареден ден е неизвесност, бидејќи не знаат дали ќе обезбедат оброк на масата.

Една фарма во Вирџинија реши да се зафати со проблемот - произведува свежа храна за гладните. Изгледа како и секоја друга фарма, но не е. Производите не завршуваат на пазар, туку во банките на храна на добротоврните организации што ги храната сиромашните

„Се разбудив едно утро со готова идеја, со сите детали, дури и за името – Фарма на доброволци“, вели Боб Блер, пензионер кој издава 26 хектари земјиште за фармата – за еден долар годишно. Сите што работат на неа се доброволци.

„За последниве седум години имавме над 10 илјади доброволци. Од сите делови на САД. Дури и од 26 странски држави“, гордо раскажува Блер.

Хариет Томпсон од црковна група која минала пат од 100-тина километри за да работи без надомест на фармата, вели:
„Има многу во нашата заедница кои не би можеле да го прехранат семејството ако не е оваа фарма“.

Храната од фармата оди во банки за храна, како на пример „Блу риџ“ во Винчестер, Вирџинија. Со неа раководи Тереза Јејтс, која веку: „Пред 3-4 години опслужувавме околу 65.000 лица месечно. Сега – 90.000“.

Џорџ Ленгваер е претседател на банката за храна „Седум векни леб“. Иако храната доаѓа од многу извори, придонесот од Фармата на доброволци е посебно ценета.

„Конзервирана храна имаме, но кога доаѓа свежа – тоа е како празник“, вели Ленгваер.

Фармата досега произвела 5.500 килограми храна годинава, а рацете на доброволците ќе продолжат да собираат свежи плодови се` до октомври.

XS
SM
MD
LG