Линкови за пристапност

ФАО бара зголемување на земјоделското производство...


...како одговор на нараснатите цени и гладта на глобално ниво.

Генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) повика на зголемување на земјоделското производство како одговор на нараснатите цени на храната и гладта на глобално ниво.

Жозе Грацијано да Силва упати вакво барање на конференцијата на ФАО за азиско-пацифичкиот регион што се одржува во Виетнам. Во овој дел од светот живеат над 60% од луѓето кои страдаат од глад и неисхранетост.

Да Силва, кој ја презеде функцијата во јануари, вели дека одржливото зголемување на земјоделското производство, преку еден „порамноправен повклучителен систем“ е неопходно за справување со недостигот на храна на глобално ниво. Тој рече дека оние кои живеат во развиените земји и урбаните центри мора да помогнат да се обезбеди дека ќе има доволно храна за светското население што се очекува да се зголеми за една милијарда луѓе до 2050-та.

XS
SM
MD
LG