Нема загинати, а најмалку седум работници се повредени во серија експлозии во фабрика за пропан Блу Рајно што се случиле синоќа, јавија властите во сојузната држава Флорида.
Според полицијата, пронајдени се 15-те работници кои првино се водеа за исчезнати. Повредените се хоспитализирани.
Фабриката полнела мали контејнери со пропан што се користат за скара и други потреби во домаќинството.
За време на експлозиите, во фабриката имало од 24 до 26 лица кои работеле во ноќната смена.