Линкови за пристапност

Европскиот воздушен простор повторно отворен


Меѓународното здружение за авионски транспорт проценува дека економското влијание од прекинот изнесува најмалку 1,7 милијарди долари

Европската агенција за контрола на летањето – Евроконтрол планира средата да бидат активирани 75 проценти од сообраќајот ширум Европа, во време кога државите започнаа да ги отстрануваат забраните за летови поради огромниот облак од чад што се рашири низ Европа по ерупцијата на вулкан во Исланд.

Воздушниот простор над неколку земји, вклучувајќи ги Британија и Германија, повторно е отворен откако еруптивниот материјал од вулканот го блокираше сообраќајот и причини голем број на патници со денови да чекаат на аеродромите.

Меѓународното здружение за авионски транспорт проценува дека економското влијание од прекинот изнесува најмалку 1,7 милијарди долари, вклучувајќи и 400 милиони долари дневно во првите три дена по приземјувањето на авионите.

Авионските компании велат дека ќе бидат потребни денови пред сите патници да заминат од аеродромите на кои се наоѓаат речиси една недела, губејќи и трпение, и пари.

XS
SM
MD
LG