Џовани Бисињани, првиот човек на Меѓународното здружение за авионски транспорт, ги повика европските влади да го отворат воздушниот простор, затворен поради облакот од чад што се рашири низ Европа по ерупцијата на вулкан во Исланд минатата недела. Бисињани тврди дека глобалните последици по економијата се поголеми од терористичките напади врз САД 11-ти септември 2001-вата.
Европските министри за транспорт понеделникот разгледуваа кога да дадат зелено светло за летовите.
Германските воздухопловни власти веќе и` дадоа дозвола на Луфтханза за 50 авионски летови од Источна Азија, Африка и Северна Америка, за да врати 15.000 патници дома во Германија. Германската авио-компанија соопшти дека авионите ќе слетаат во Дизелдорф, Франкфурт и Минхен.
Според официјални лица, понеделникот требаше да бидат активирани 30 проценти од сообраќајот. НАТО, пак, соопшти дека американски борбени авиони претрпеле штета на моторите од чадот додека летале во европскиот воздушен простор.