Линкови за пристапност

ЕУ лансираше операција за спречување на трговијата со луѓе на Медитеранот


Досега околу 2.000 мигранти го загубија животот на опасното патешествие

Европската унија најави дека лансира поморска операција чија цел е справување со трговците со луѓе кои пренесуваат мигранти преку Медитеранот на пат кон Европа.

Шефицата за надворешна политика Федерика Могерини на новинарите во Луксембург им кажа дека се работи за мисија која прво ќе собира информации и ќе врши патролирање на меѓународните води во обид да открие патни маршрути за кримчарење луѓе. Таа подлече дека целта е да се попречи работата на трговците со луѓе кои ги водат мигрнатите на опасно патешествие во кое 2.000 лица го загубија животот само годинава.

Европската Унија работи на план како да се справи со приливот на повеќе од 100.000 мигранти секоја година. Повеќето од нив стасаа до бреговите на Грција и Италија, бегајќи од војни, сиромаштија и политички прогони во нивните земји.

Во операцијата на ЕУ, една од предложените фази треба да биде на територијата на Либија, која е една од главните точки од каде тргнуваат сите мигранти. Но, за такво нешто е потребно одобрување од либиските власти и Советот за безбедност на ОН.

XS
SM
MD
LG