Линкови за пристапност

Еврозоната фокусирана на долгот на Грција


Рокот за исплата се приближува, дали ќе има нов договор?

Официјални лица од 19-члената еврозона се фокусираат на задолжената Грција во серијата средби во понеделникот, работејќи на спречување на земјата да банкротира не можејќи да го отплаќа заемот на кредиторите, за што рок е крајот од месецот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во Брисел има состаноци со првите луѓе на Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија, откако беше објавен предлогот во неделата којшто неговата канцеларија го нарече „заеднички прифатлив договор којшто ќе обезбеди дефинитивно решение“ на проблемот.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека двете страни се близу до договор. „Има напредок изминатите два дена, но има уште да се работи“, рече Јункер.

Францускиот претседател Франсоа Оланд се осврна на напредокот во разговорите, и ја подвлече желбата за постигнување договор до крајот на денот во понеделник, а ако не биде постигнат, тогаш во следните неколку денови.

Грција ќе биде главна тема и на состанокот на министрите за финансии од еврозоната, а лидерите на овие држави одржаа самит.

Самитот беше свикан по мултинационалните разговори за условите за заемот од 17,5 милијарди долари пакет-помош за Грција, што завршија неуспешно минатата недела, откако владата во Атина одби да усвои нови мерки за штедење барани од европските кредитори. Грчките лидери тврдат дека мерките за штедење премногу ја погодуваат домашната економија.

XS
SM
MD
LG