Линкови за пристапност

ЕУ без договор за буџетот


Дводневниот самит во Брисел не ги надмина разликите меѓу богатите и сиромашните членки

Европското семејство се` уште без буџет - претседателот на Унијата Херман ван Ромпуј најави дека договорот за заедничките трошоци најверојатно ќе биде постигнат на почетокот на наредната, откако дводневниот самиот во Брисел на оваа тема заврши конкретен резултат.

Ван Ромпуј ги офрли критиките за поделеност меѓу членките во ЕУ, коментирајќи дека се работи за „конструктивни дискусии“.

Целта на самитот беше да се разгледат правците за надминување на економската криза во ЕУ, во која постои напнатост и јаз меѓу богатите земји-членки и оние кои сакаат поголема помош од заедничкиот буџет.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, гласен поддржувач на замрзнувањето на трошоците на сите институционални нивоа, рече дека дипломатите треба да го намалат „недомаќинското трошење“. Таквите кратења веќе се направени во британскиот буџет и мора да се спроведат и во самата ЕУ, додаде Камерон.

Актуелниот буџет за периодот 2007 – 2013-та е 1,28 трилиони долари. Следниот буџет е за периодот до 2020-та.
XS
SM
MD
LG