Линкови за пристапност

Разговори за иднината на Македонија во ЕУ


Разговори за иднината на Македонија во ЕУ
Разговори за иднината на Македонија во ЕУ

Главна тема на разговорите и во Брисел и во Стразбург биле перспективите на Македонија во европските интеграциски процеси

Премиерот Никола Груевски е во Брисел, а лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски, во Стразбург. Двајцата се на официјални средби. Груевски со белгискиот премиер и претседавач на Европскит совет, Ив Летерн, а Црвенковски со комесарот за проширување, Штефан Филе. Главна тема на разговорите и во Брисел и во Стразбург биле перспективите на Македонија во европските интеграциски процеси.

Груевски во Брисел со Ив Летерн разговарал за можностите за деблокирање на процесот на интеграци преку решавањето на спорот со името. Белгија во оваа прилика, како претседавач на ЕУ, најавила дека за време на нејзинот манадат ќе вложи напори да го помогне изнаоѓањето на решение за грчко-македонскиот спор.

„Имаме развиено искуство во решавање на ваквите чувствителни досиеја, со почит кон двете позиции, како кон онаа на премиерот и неговата влада, така и кон грчката влада. Ние ќе се обидеме во следните недели и месеци да се однесуваме како искрен посредник во координација со господинот Нимиц и се надеваме дека со искрени иницијативи и од белгиска страна ќе успееме да промовираме решение“, кажа белгискиот премиер.

„Длабоко сум уверен дека ќе најдеме решение, мислам дека народот тоа го заслужува и Европа тоа го заслужува. Иднината на ФИРОМ е во Европа, а Европа не е целосна без ФИРОМ“, изјави Летерн по средбата со премиерот Груевски.

Од СДСМ информираат дека по разговорите со Штефан Филе нивниот партиски лидер констатирал дека Македонија е далеку од почеток на преговори не само поради проблемот со името со Грција туку и поради неисполнувањето на критериумите пропишани од ЕК во различни области.

Станало збор за тоа дека во некои од тие области не само што не е забележан некој значителен напредок, туку дека има и одредени чекори кои можат да се толкуваат како враќање назад.

„Посебно беше потенцирана состојбата во судството, односно неослободувањето од политички притисок на судскиот систем во Република Македонија и необезбедување на независност на судскиот систем“, изјавил Црвековски за Дојче веле по средбата со Филе во Стразбург.

Според инфомациите од СДСМ, Филе и Црвековски ги разгледале сите области поврзани со интеграцијата на Македнија во ЕУ при што Црвенковски го информирал Филе за ставовите на опозицијата во врска со тие прашања. Филе покажал и интерес за стратешките и програмски определби на Социјалдемократскиот сојуз по кои ќе постапува во иднина доколку ја преземе власта.

XS
SM
MD
LG