Германецот Томас Долд победи во трката до врвот на познатиот облакодер Емпајар стејт билдинг во Менхетн. Искачи 1.600 скалила за 10 минути и 28 секунди.
Кај жените, најбрза беше Мелиса Мун од Нов Зеланд со 12 минути и 39 секунди.
Ова е седма година по ред на која победува Долд.
Годинава за трката се пријавија 650 лица кои, судејќи според тежината на задачата, се во одлична физичка кондиција.