На 63-тото доделување на наградите Еми, за најдобри остварувања на американската телевизија „Модерно семејство“ ја освои наградата за најдобра комедија.
Џулијана Маргилес од серијата Добра сопруга на Си-Би-Ес е прогласена за најдобра актерка во жанрот драма, додека Кајл Чандлер од Светлата на петок навечер, што се емитува на Ен-Би-Си, доби Еми за најдобар актер во истата категоријата.
Режисерот Мартин Скорсезе доби Еми за режија на серијата на Ејч-Би-О, Империја на шеталиште. Наградата за најдобра актерна во категоријата на мини-серии и` припадна на Кејт Винслет за улогата во Милдред Пирс, исто така на Ејч-Би-О.