Линкови за пристапност

Прелиминарните избори - тест за ветераните во Сенатот


Речиси сите денешни избори се прелиминарни – гласови преку кои политичките партии избираат кандидат за место во Вашингтон – овојпат за конгресните избори во ноември

Гласачите во четири сојузни држави излегуваат на гласање во серија избори што можат да ја одлучат судбината на некои од клучните сојузници на претседателот Барак Обама.

Речиси сите денешни избори се прелиминарни – гласови преку кои политичките партии избираат кандидат за место во Вашингтон – овојпат за конгресните избори во ноември.

Една од најнеизвесните трки е во источната држава Пенсилванија.

Претседателот Обама го поддржува сенаторот Ален Спектер, кој е пред неизвесна битка против поранешниот морнарички адмирал Џо Шестак. Спектер минатата година премина во редовите на Демократската партија откако во Сенатот речиси 30 години служеше како Републиканец.

Обама исто така ја поддржува демократската сенаторка Бланш Линколн од сојузната држава Арканзас.

Линколн беше мета на напади од синдикатот за нејзините гласови во Сенато за реформата за здравствената заштита и трговијата.

Прелиминарните избори за Сенатот во јужната држава Кентаки,пак, би можеле да дадат индикација за силината на конзервативното движење - Ти парти. Поддржувачите на Ти парти застанаа зад очниот хирург Ранд Пол во прелиминарните републикански избори во оваа сојузна држава. Истражувања на јавното мислење покажуваат дека Пол води пред државниот секретар на Кентаки Треј Грејсон, кој има поддршка од лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Меконел.

XS
SM
MD
LG