Линкови за пристапност

Прелиминарни избори во САД: ветеранот Спектер загуби од Шестак


Спектер минатата година премина во редовите на Демократската партија откако мина речиси 30 години во Сенатот како Републиканец

Во источната сојузна држава Пенсилванија, поранешниот морнарички адмирал и коннгресмен Џо Шестак го порази долгогодишниот американски сенатор Ален Спектер на прелиминарното гласање во рамки на Демократската партија за конгресните избори во ноември.

Спектер минатата година премина во редовите на Демократската партија откако мина речиси 30 години во Сенатот како Републиканец. Поддршката за Спектер од претседателот Обама сепак не беше доволна да се кандидира за нов петгодишен мандат.

Шестак ќе се соочи со републиканецот Пат Томеи на изборите во ноември за сенатското место од Пенсилванија.

Прелиминарните избори за Сенатот во јужната држава Кентаки на виделина ја изнесоа моќта на конзервативното движење - Ти парти и каде нивен член ја доби номинацијата за место на Капитол хил. Очниот хирург Ранд Пол во прелиминарните републикански избори го победи сопартиецот - државниот секретар на Кентаки Треј Грејсон. Грејсон имаше поддршката од водачот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Во Арканзас, демократската сенаторка Бланш Линколн од сојузната држава Арканзас не успеа да освои мнозинство гласови во прелиминарната битка. Таа во јуни повторно ќе си ги одмери силите со Бил Халтер за партиската номинација за сенатско место.

XS
SM
MD
LG