Започна изборната кампања која со оглед на политичкиот контекст и актуелните политички тензии носи ризик од инциденти, насилие, и ново подгревање на меѓуетничките тензии. На ова предупредува невладината организација „Цивил“ чиј мандат е борбата против насилието.
Сите случувања укажуваат на сериозни ризици за инцидети во изборнот процес, изјави за Гласот на Америка првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала. Во таа смисла „Цивил“ ги коментираше и инцидентите кои се случија во петокот и саботата во Скопје.
„Упатуваме протест до партиите поради меѓусебните обвинувања и избегнување на одговорноста за меѓуетничките тензии. Понатаму, повикуваме на одговорност на владините институции кои ги имаат сите механизми на располагање со кои меѓуетничките односи може да се подобруваат, а не да ескалираат со омраза и насилство“, се вели во
реакцијата на „Цивил“.
Џабир Дерала предупредува од нова ескалација на меѓуетничките односи доколку тие бидат злоупотребени за постигнување на теснопартиски интереси, а во контекст на претстојните избори.
„Цивил“ упати апел и до медиумите кои се повикуваат да бидат одговорни и во рамки на професионалните стандарди, за да не предизвикаат понатамошно насилство.
Тој исто така предупредува и на појавата на злоупотребата на малолетниците која според Цивил се случила за време на инцидетите во петокот и саботата.
Со оглед на целата ситуација во Македонија, политичките партии си играат со оган, вели Џабир Дерала.