Линкови за пристапност

Време: Ла Ниња се развива во тропскиот Пацифик


Време: Ла Ниња се развива во тропскиот Пацифик
Време: Ла Ниња се развива во тропскиот Пацифик

Светската метеоролошка организација вели дека двата настани може да ги нарушат нормалните временски услови и може да имаат широкораспространето влијание врз климата во многу делови од светот

Ла Ниња ја карактеризираат невообичаено студени температури во океанот, на источниот екваторски Пацифик. Тоа е спротивно на условите на Ел Нињо - невообичаено топли океански температури во централниот и источниот екваторски Пацифик.

Светската метеоролошка организација вели дека двата настани може да ги нарушат нормалните временски услови и може да имаат широкораспространето влијание врз климата во многу делови од светот.

Шефот на програмата за светската клима и а вода, Рупа Кумар Коли, вели дека развојот на Ла Ниња нема да има големи импликации врз Африка. Сепак, тој вели дека други делови од светот нема да бидат поштедени.

„Типична Ла Ниња обично се манифестира со силни монсуни во поголемиот дел на Азија и Австралија. Настаните врзани со Ла Ниња се поврзани и со активната сезона на урагани во тропскиот дел на Атлантикот. Постојат некои ризични фактори кои треба да ги имаме во предвид“, вели Коли.

Коли вели дека Ла Ниња може дополнително да ги влоши проблемите кои веќе егзистираат во Мексиканскиот залив поради излевањето на нафта. Но, тој додаде дека Ла Ниња, најверојатно нема да има поголема улога во регионот:

“Имајќи ја во предвид можноста за активна сезона на урагани, тие дефинитивно имаат потенцијал да го разбрануваат морето и да имаат улога во ширење на нафтената дамка. Но, ова исто така зависи од правецот на движење и јачината на ураганите, како и од други фактори кои се поврзани со индивидуални настани врзани со овие климатски феномени.“

Светската метеоролошка организација најави дека најверојатно условите од Ла Ниња понатамошно ќе се развиваат во следните месеци, но дека сеуште не се знае обемот на нејзиното влијание.

XS
SM
MD
LG