Американскиот претседател Барак Обама го повика египетскиот колега Абдел Фатах ал-Сиси да инвестира во политичките, економски и социјални аспирации на египетскиот народ.
Во телефонски разговор, претседателот Обама изразил загриженост за масовните судски процеси, затварањето на новинари и мирољубиви активисти, како и за состојбата со невладините организации.
Стотици опозициони членови во Египет беа осудени на смртна казна во брзи судски процеси, а многу новинари се наоѓаат на издржување на долгогодишна казна затвор.
Обама изрази сочувство до египетскиот народ за серијата терористички напади. Тој ја повтори американската заложба за јакнење на партнерството со Египет во борбата против тероризмот и зголемувањето на регионалната безбедност.