Линкови за пристапност

Цел ден судири меѓу поддржувачите и противниците на Мубарак


Цел ден судири меѓу поддржувачите и противниците на Мубарак
Цел ден судири меѓу поддржувачите и противниците на Мубарак

Еден загинат и над 400 повредени во уличната битка со голи раце, камења и палки

Во Каиро средата настана хаотична ситуација кога се судрија поддржувачите и противниците на египетскиот претседател Хосни Мубарак.

Репортерите на главниот плоштад во Каиро јавуваат дека египетските сили отвориле предупредувачки оган во обид да ја запрат битката со голи раце, камења и палки, а армиски возила се обиделе да ги раздвојат демонстрантите. Во насилството загинал еден војник.

Провладините демонстранти се забележани како фрлаат Молотови коктели врз противвладините демонстранти. Според сведоци, поддржувачите на Мубарак фрлиле најмалку два коктела во светски познатиот Египетски музеј, но огнот бил набрзина згаснат.

Подоцна во денот дошло до затишје кога била укажана помош на над 400-тина повредени. Лекарите воспоставиле импровизирани клиники во џамија во близина на плоштадот. Но толпите и натаму се на улиците, прекршувајќи го полицискиот час.

Противвладините демонстранти ги обвинуваат припадниците на тајната полиција за судирот. Државната телевизија, пак, го цитира Министерството за внатрешни работи кое порекнува дека биле вмешани неуниформирани полицајци.

Демократскиот поборник Мохамед Елбарадеј за Би-Би-Си изјави дека владата користи тактика на заплашување и тој стравува дека судирот ќе прерасне во големо крвопролевање.

XS
SM
MD
LG