Линкови за пристапност

На цела територија на Египет воведен полициски час


На цела територија на Египет воведен полициски час
На цела територија на Египет воведен полициски час

Згради во пламен во Каиро и распоредени тенкови по улиците во време кога анти-владините демонстранти не го почитуваат воведениот ноќен полициски час по најнасилниот и хаотичен ден во Египет од почетокот на масовните протести во вторникот

Египетскиот претседател Хосни Мубарак го прошири полицискиот час низ целата земја, но од медиумските извештаи се добива впечаток дека тоа не го запира насилството.

Демонстрантите, кои ги има во десетици илјади, бараат оставка од претседателот Хосни Мубарак. Претседателот требаше да се обрати до нацијата, но засега е непознато кога ќе се случи тоа.

Демонстрантите се обиеле да упаднат во државната телевизија. Од неколку места во градот, сведоци велат дека се слушале пукотници од огнено оружје.

Седиштето на владејачката Национална демократска партија на Египет е опожарено.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја повика египетската влада и демонстрантите да се воздржат од насилство. Таа ја повика владата во Каиро да спроведе реформи.

Конвои воени возила со војници се упатуваат кон Каиро на почетокот на полицискиот час во метрополата.

Војници патролираат и во Суец, каде полицијата употреби солзавец и водени топови да ги одврати демонстрантите.

Најмалку еден демонстрант е убиен. Воените возила исто така влегоа во градот Александрија.

XS
SM
MD
LG