Дали Западниот Балкан е подготвен да се движи напред, или ќе стагнира, или пак назадува? Што очекува меѓународната заедница од регионот? Денес, на едениполчасовна дискусија во Центарот за трансатлантски односи во Вашингтон, одговор на овие прашања побараа директорот на канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот, Џонатан Мур, и вишиот соработник во Центарот и долгогодишен познавач на состојбите на Балканот, Едвард Џозеф.
Обајцата заклучија дека перспективата за влез во ЕУ и натаму е главет магнет за регионот и дека нема алтернатива на евроатлантските интеграции.
Мур ја издвои Хрватска како пример дека со посветеност и сериозни реформи е можен влез во ЕУ и НАТО. Тој очекува ова да биде поттик и за другите во регионот.
За Џозеф е неприфатливо што Македонија се` уште е отворено прашање на евроатлантскиот дневен ред. Тој потсети на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011-та, и коментираше дека за грчката влада никогаш не е добро време за решавање на спорот со името, затоа што или е во изборен циклус, или пак земјата се наоѓа во некаков вид на криза.
Мур не сакаше да ја коментира претстојната посета во Атина на американската заменичка-државна секретарка за европски и азиски прашања, Викторија Нуланд, но, како, што рече, ќе го има на ум прашањето за името.