Линкови за пристапност

Јужна Флорида на пат да излезе од економска криза


Јужна Флорида на пат да излезе од економска криза
Јужна Флорида на пат да излезе од економска криза

Форт Лодердејл се наоѓа на југоисточниот брег на сојузната држава Флорида, на 20-тина милји од Мајами и 40-тина од Палм Бич

Економската криза во САД не ја одмина ниту Јужна Флорида. Невработеноста во Форт Лодердејл е околу 11 проценти, но постои надеж дека работите одат на подобро.

Форт Лодердејл се наоѓа на југоисточниот брег на сојузната држава Флорида, на 20-тина милји од Мајами и 40-тина од Палм Бич. Распослан на 33 квадратни милји, а дом е на 180.000 жители. Економската криза во САД не ја одмина ниту Јужна Флорида. Невработеноста во Форт Лодердејл е околу 11 проценти, но постои надеж дека работите одат на подобро.

Раздвижената економска клима му помогна на градот да го задржи приматот на светски меѓународен бизнис-центар и една од најпосакуваните дестиниции за релоцирање на бизнисите од други делови на САД. Но, дали е се` така розово?

„Забележав дека некои продавници се затворени, туризмот бележи опаѓање, и мислам дека лошата економија се одразува и врз Форт Лодердејл и други места во САД“ вели туристот кој ни се претстави само како Џим од Вирџинија.

Дајан Ратклиф веќе шест години живее во Форт Лодердејл. Се преселила од Калифорнија. Зошто дошла токму тука?

„Со оглед на трошоците и квалитетот на живеење, Форт Лодердејл е извонреден. Времето е фантастично и има добри можности за вработување. Може солидно да се живее“, аргументира Ратфлиф.

Ален Касло е претседател на Стопанската комора на Форт Лодердејл. Признава дека областа се` уште трпи последици од економската криза, но вели, на повидок се подобри времиња за Флорида.

„Поради падот во пазарот за недвижнини, многу луѓе не можат да ги продадат дополнителните куќи и да остварат профит. Но, кога пазарот ќе почне да се менува, Флорида веројатно многу побрзо ќе излезе од кризата, затоа што недвижнините со поглед на океан секогаш вредат повеќе“, предвидува Касло.

XS
SM
MD
LG