Најновото истражување покажа дека неодамнешната американска рецесија било најдолго економско опаѓање во САД од крајот на Големата депресија во 1930-тите.
Националното биро за економско истражување, група на економисти кои се сметаат за официјални арбитри на американските економски податоци, објави дека рецесијата траела 18 месеци, почнувајќи од декември 2007-ма и завршила во јуни, минатата година.
Некои економисти изразија загриженост дека САД може да се движат во насока на „рецесија со двојно дно“ или втора рецесија, поради бавното опоравување во областа на невработеноста и континуираните проблеми со пазарот на домување.
Претседателот Обама планира да учествува на средба со граѓани пред телевизиски камери каде ќе дискутира за можностите на забрзување на економскиот растеж на САД.