Линкови за пристапност

Пад во продажбата на недвижнини – горко апче за економијата во САД


Пад во продажбата на недвижнини – горко апче за економијата во САД
Пад во продажбата на недвижнини – горко апче за економијата во САД

Стравување дека падот е најава за двојна рецесија

Нов удар за надежта дека економската ситуација во САД се подобрува – според најновите податоци, продажбата на домови е на најниско ново во последниве 15 години. Економистите заклучуваат дека ова е одраз на стравувањата на потрошувачите за здравјето за најголемата економија во светот во целина.

Наглиот пад од 27 проценти во продажбата на домови е уште еден показател дека патот до опоравок е – тежок. Веста е изненадување дури и за ветерани во индустријата на домување, како Џед Смит од Националното здружение на агенти со недвижнини:

Знаевме дека ќе има пад, но не волкав, вели Смит.

Смит смета дека главна причина е што заврши владината програма за даночен кредит од по 8 илјади долари за лицата кои по првпат купуваат дом. Многумина побрзаа да ја искористат, поволноста, што значи дека наредните месеци ќе има забавување. Се` додека економијата не започне да создава нови работни места, Смит не очекува заживување на пазарот на недвижнини.

Невработеноста е прилично висока и луѓето стравуваат. Во такви услови тешко кој се решава веднаш да купи куќа, додава Смит.

Невработеноста веќе се одрази на широката потрошувачка, на која отпаѓаат 70% од американската економија. А кога побарувачката е помала, бизнисите тешко се решаваат на нови вработувања.

Затворен круг – коментира економистот Вард Мекарти Инвестиционата група Џеферис.

Последниве години ова создаде толкава нерамнотежа што ќе треба подолг период да излеземе од ситуацијата. Не постои магичен еликсир, додава Мекарти.

Горко апче за економијата кога многумина стравуваат дека може повторно да појде по надолна линија. Стравувањето од двојна рецесија резултираше и во пад на цените на акции ширум светот.

XS
SM
MD
LG