Претседателот Обама тврди дека американската економија се подобрува „бавно но сигурно“ и во моментов е во пораст, но кажа и дека напредокот не се одвива со доволно брзо темпо.
Обама говореше во Колумбус, сојузната држава Охајо, во рамки на кампањата за поддршка на демократските кандидати за конгресните избори во ноември.
Нивото на невработеност во САД во моментов е 9,5 проценти.
Опозиционите републиканци велат дека политиката на претседателот вклучува преголеми владини трошоци што попрво ќе и` наштетат отколку да и` помогнат на економијата.