Линкови за пристапност

Обама: Време е компаниите да почнат поинтензивно да вработуваат


Обама: Време е компаниите да почнат поинтензивно да вработуваат
Обама: Време е компаниите да почнат поинтензивно да вработуваат

Според претседателот на САД, сега е време фирмите да им се оддолжат на граѓаните за спасот во рецесијата

Американскиот претседател Барак Обама вели дека е време компаниите да направат исчекор и да почнат вработуваат повеќе Американци.

Во телевизиско интервју за каналот CBS, тој рече дека даночните обврзници платиле големи суми пари за стабилизирање на економијата за време на големата рецесија од што корист имале банките и други фирми.

Невработеноста е девет проценти, и претседателот вели дека сега е време на возвраќање за таквата поддршката.

Тој рече дека пазарот за домување е најголема пречка за целосно економско опоравување, кое може да трае со години.

Економијата ќе биде клучно прашање во обидот на Обама за реизбор на претседателската функција во 2012-та, а најновото истражување на јавното мислење покажа дека се` поголем број Американци се оптимисти за економијата, иако и натаму останува загриженоста за високата стапка на невработеност и растечките цени на бензинот.

Владини економски експерти велат дека бројот на Американци кои се пријавиле за компензација поради невработеност паднала за 44.000 на 434.000 илјади минатиот викенд, што е индикатор дека има подобрување на пазарот за работна сила.

Извештаите покажаа дека има зголемување на продажбата за половина процент во април, најмногу поради растечките цени на бензинот.

Растечките цени на бензинот, пак, направија зголемување на цените на трговијата на големо во април, што може да ја поттикне инфлацијата на потрошувачко ниво.

XS
SM
MD
LG