Линкови за пристапност

Извештаи: зголемената потрошувачка – знак за економски опоравок


Побарувачката пораснала и за добрата произведени во САД, особено со опоравокот на азиските економии

Економски извештаи објавени во средата индицираат дека побарувачката е во пораст во многу места во светот, а што е знак за натамошен економски опоравок.

Податоците на Американскиот оддел за трговија покажуваат дека побарувачката во САД на странски добра во март забележала пораст, напоредно со порастот во потрошувачката активност во најголемата економија во светот.

Побарувачката пораснала и за добрата произведени во САД, особено со опоравокот на азиските економии. Сепак, американскиот извоз се зголемил побавно споредено со увозот и како резултат на тоа, американскиот трговски дефицит во март пораснал на 2,5 проценти.

Според одвоен извештај, економијата на еврозоната составена од 16 земји кои го користат еврото забележала раст за две десетини од процентот во првите три месеци од годинава. Мошне скромниот растеж на еврозоната сепак претставува подобрување споредено со претходниот квартал и се случува и покрај економските проблеми во Грција.

Други знаци на економскиот опоравок доаѓаат од големиот јапонски автомобилски производител, Нисан. Загубите на Нисан од првите неколку месеци од годинава значително се намалиле, главно поради зголемената побарувачка на автомобили во светот, особено во Кина.

Уште еден показател е и порастот на цената на бакарот на светските пазари.

XS
SM
MD
LG