Линкови за пристапност

Груевски: ЕК само го констатира она што го знаевме


Груевски: ЕК само го констатира она што го знаевме
Груевски: ЕК само го констатира она што го знаевме

Груевски признава дека судството и јавната администрација се болната точка што постојано се наоѓа на тапет на секој извештај

Македонскиот државен врв е задоволен од оценката на Европската комисија за напредокот на земјата изминатава година. Премиерот Никола Груевски, кој прв реагираше на објавениот годишен извештај, смета дека тој е продолжение на минатогодишниот, што беше оценет како позитивен и дека е реална слика на она што го направиле институциите изминатите 12 месеци во 35-те поглавја.

„Тоа е јасен доказ и валоризација на нашиот труд, посветеноста и одговорниот пристап во реализацијата на високиот стратешки приоритет - членство во ЕУ“, изјави Груевски по средбтаа со евро-амбасадорот Ерван Фуере кој симболично му го предаде извештајот.

„Извештај како и секој друг, ги има сите напредоци и се разбира има и одредени забелешки, препораки за понатаму, што за нас е добро бидејќи ќе претстваува еден вид водич за понатаму каде точно да се насочиме, иако ние тоа го знаеме. Ги знаеме нашите слабости и работите што можат да се подобрат, но кога ќе ги добиеме на ваков еден сублимиран начин, е дополнително потврдување на она што сме го знаеле и можеби ако нешто било пропуштено да се додаде“, рече Груевски.

Она што Владата го смета за свое најголемо достигнување изминатава година се економските перформанси на Македонија, посебно справувањето со економската криза, што за премиерот Груевски е позитивно оценето и од ЕК, како што претходно позитивни оценки стигнаа од ММФ и Светската банка.

Груевски признава дека судството и јавната администрација се болната точка што постојано се наоѓа на тапет на секој извештај од меѓународните институции, но рече дека Владата е свесна и дека во следниот период токму тие две области ќе бидат фокусот на отстранување на проблемите што главно се однесуваат на политизација, партизација, притисоци, неажурност и гломазност.

XS
SM
MD
LG