Линкови за пристапност

Во САД почина лекар од Сиера Леоне заразен со ебола


Трет пациент од ебола којшто беше лекуван во болницата и втор којшто почина во САД од болеста

Медицинскиот центар во Небраска објави дека починал лекарот од Сиера Леоне којшто во оваа здравствена институција беше лекуван од ебола.

Болницата соопшти дека Мартин Салија починал „како резултат на напредни симптоми на заболувањето“.

Тој беше третиот пациент од ебола којшто беше лекуван во болницата и втор којшто почина во САД од вирусот.

Белата куќа изрази сочувство до семејството на Салија. „Починувањето на доктор Салија е уште еден потсетник за данокот во живот што го зема болеста и натамошната важност да се справиме со епидемијата на фронталните линии“, стои во соопштението.

Светската здравствена организација (СЗО) петокот објави дека во последно време има благ пораст на бројот на починати од ебола. Според СЗО, од избивањето на епидемијата, починале 5.177 лица од 14.413 регистирани случаи. Организацијата наведува и дека има нагол пораст на случаите во Сиера Леоне - 421 инфицирани изминатата недела.

XS
SM
MD
LG