Чилеанската претседателка Мишел Башеле изјави дека ќе патува за крајбрежната област што синоќа беше најтешко погодена од силниот земјотрес од 8,3 степени, Пет лица загинале и издадено е предупредување за опасност од цунами.
Епицентарот на земјотресот бил околу 500 километри северно од главниот град Сантјаго и се почувствувал до Буенос Аирес, на спротивната страна од континентот.
Земјотресот предизвика последователни потреси и многу луѓе ја минаа ноќта надвор на улица. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби рече дека САД се подготвени да помогнат ако биде потребно.