Линкови за пристапност

САД со ново беспилотно летало во Авганистан


САД со ново беспилотно летало во Авганистан
САД со ново беспилотно летало во Авганистан

Системот „Горгон стеар“ има капацитет да испрати 65 различни прикази до различни корисници.

Весникот Вашингтон пост објави дека американската армија ќе испрати нов вид на беспилотно разузнавачко летало во Авганистан, со капацитет да пренесува слика на движењата во радиус на цел еден град.

Во написот од неделата се наведува дека набљудувачкиот систем се состои од девет видео-камери монтирани на беспилотно летало. Системот „Горгон стеар“ има капацитет да испрати 65 различни прикази до различни корисници.

Беспилотните летала што сега ги користи армијата имаат само една камера што може да покрие област од една до две згради.

Генерал-мајорот Џејмс Пос, кој е помошник заменик- началник за разузнавање, за Вашингтон пост изјави дека со новото летало не мора да се претпоставува каде да се насочи и фокусира камерата, затоа што системот за набљудување „ќе опфати цел град“.

XS
SM
MD
LG