Линкови за пристапност

Драги Стојковски: Ќе работам на обединување на дијаспората


Драги Стојковски: Ќе работам на обединување на дијаспората
Драги Стојковски: Ќе работам на обединување на дијаспората

Кандидатурата за пратеник од дијаспората е продолжение на мојот 20-годишен политички ангажман во Канада, вели Драги Стојковски од Торонто, кандидат за пратеник од изборната единица 8 - Канада и Америка, од редовите на партијата Достоинство.

57-годишниот тренер по гимнастика е претседател на организацијата Обединети Македонци и учествува во црковната заедница. Кандидатурата на Достоинство за него претставува само продолжение на долгогодишниот политички ангажман во Канада.

„Сега, како пратеник на Република Македонија, ќе работам на обединување на дијаспората“, вели Стојковски.

Предлага организирање на македонски совет во Северна Америка што би ги опфатил сите македонски здруженија организации и црковни друштва на континентот. Ако стане пратеник, најавува дека ќе лобира кај канадските власти за прашањето за името. За преговорите под посредство на ОН, Стојковски со став: „Јас сум за прекин на преговорите, затоа што тие се наметнати за Република Македонија“.

Македонија треба да побара од ОН да ја признаат под уставното име, вели Стојковски и ветува лобирање во тој правец доколку биде избран.

Од својата изборна платформа ја истакнува и заложбата за поврзување на Македонија со иселеништвото од САД.

„Кога ќе имаме пратеник, доколку бидам избран, ќе работам на промовирање на македонските интереси, презентирање на македонската реалност пред канадската и американската реалност, но и поврзување на Македонија со иселеништвото во САД“, најавува Стојковски.

Изборната програма досега ја презентираше во Детроит, Виндзор, Торонто, Њујорк и Њу Џерси.

XS
SM
MD
LG