Линкови за пристапност

Димитар Богов во Вашингтон: Порастот на БДП од 5,3 проценти е над очекувањата


Димитар Богов во Вашингтон: Порастот на БДП од 5,3 проценти е над очекувањата
Димитар Богов во Вашингтон: Порастот на БДП од 5,3 проценти е над очекувањата

Интервју со гувернерот на Народна банка на Македонија за годишните средби на ММФ и Светска банка

Глас на Америка: Кои ќе бидат Вашите главни приоритети во седумгодишниот мандат како гувернер на Народната банка? Каква монетарна политика ќе водите?

Богов: Во Народната банка продолжуваме со стабилната политика, одржување на ценовна стабилност и на финансискиот сектор. Ценовната стабилност во последните 15 години ја одржуваме преку стабилен курс на денарот во однос на германска марка, а денес со – еврото. Продолжуваме со таа политика, сметаме дека дава добри резултати и засега нема причина да се менува.

Глас на Америка: Светската економија запаѓа во нова опасна фаза. Глобалната активност слабее, довербата драстично падна, а ризиците се во континуиран пораст. Каква е атмосферата на годишните средби во Вашингтон?

Богов: Темата на овогодинешните средби официјално е за рамноправноста на половите. Меѓутоа доминира должничката кризата во еврозоната и несигурноста која владее на меѓународните финансиски пазари. Се одржуваат дискусии како ќе заврши кризата со задолженост во еврозоната. Решенија засега нема никој, но сите се подготвуваат за најлошото.


Глас на Америка: Пораст на економијата до 6,4 проценти годинава во земјите во развој и во државите со забрзан економски раст, додека во развиените економии, БДП ќе изнесува само 1,6 отсто? Колку се реални ваквите проценки?


Богов: Тие се реални. Земјите во подем имаат подобри стапки на економски раст. За разлика од нив, развиените земји се соочуваат со бројни кризи, и заради тоа стапката на економски раст е пониска кај нив. Македонија е поблиску до првата група на земји, и вчера го прочитавме резултатот за БДП во вториот квартал и изнесува 5, 3 отсто, што е многу подобро од нашите очекувања. Ние очекувавме 4, 3 отсто. Оваа година може да го оствариме проектираниот раст од 3, 5 отсто. Можни се и забавувања во економскиот раст, но тоа е врзано со застојот во еврозоната.


Глас на Америка: Експертите на ММФ предупредуваат дека проблемите во дел од земјите од еврозоната би можеле многу брзо да се прошират и на остатокот од Европа, а потоа и во САД?

Богов: Во периодот на глобализација во која живееме, економиите се испреплетени, како врзани садови, особено во Европа и во САД. Инвеститоририте реагираат веднаш на сите случувања од двете страни на Атлантикот. Многу брзо ќе се пренесет ефектите од евентуалната криза во еврозоната и може да се прелеат во регионот во кој спаѓа и Македонија. Оценките на нашите соговорници се дека Македонија има релативно добри перформанси. Подготвеноста на нашата економија е солидна и е подобра отколку што беше во 2008-ма.

Глас на Америка: ММФ предвидува раст на македонскиот бруто домашен производ од 3 % и инфлација од 4,4 % годинава. Ваш коментар?

Богов: Нашите очекувања се 3, 5 проценти. Мислам дека тоа е лесно остварливо. За инфлацијата се согласуваме со ММФ дека ќе биде околу 4 отсто. Тој тренд е намалувачки. Инфлацијата беше повисока во првиот квартал, а сега оди надолу.

Глас на Америка: Како ќе се одрази тоа врз обичните граѓани?

Богов: Граѓаните секако се погодени затоа што пораснаа цените на почетокот од годината на основните прехранбени производи. Централната банка не може тука ништо да стори. Централната банка го контролира општото централно ниво. Инфлацијата ќе се намали до крајот на годината, а идната година ќе падне и под 3 отсто. Ние може да гарантираме стабилни цени и ниска инфлација наредната година.

XS
SM
MD
LG