Линкови за пристапност

Една година од Коалицијата на иселениците од Југоисточна Европа во Вашингтон


Една година од Коалицијата на иселениците од ЈИЕ во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00
Direct link

Една година од Коалицијата на иселениците од ЈИЕ во Вашингтон

Надминување на разликите, фокус на економијата

Одбележана една година од формирањето на Алијансата на иселенички организации на Југоисточна Европа во САД со повик за конечно надминување на меѓусебните разлики и нетрпеливоста и фокусирање на промовирањето на економската соработка во регионот.

Соработка за економски растеж, но и дипломатски инцијативи во корист на интегрирањето на регионот во НАТО и ЕУ, се главните причини организациите на иселениците во САД пред една година да формираат коалиција за поголема гласност во Вашингтон.







Наша цел е да расте коалицијата и да продолжи дијалогот меѓу разните етнички групи застапени во Вашингтон.
Џо Фоли, директор за јавни односи на организацијата на американските Хрвати.

Џо Фоли, директор за јавни односи на организацијата на американските Хрвати, објаснува:

„Наша цел е да расте коалицијата и да продолжи дијалогот меѓу разните етнички групи застапени во Вашингтон. Понекогаш тие имаат различни погледи за прашања од надворешната политика, но ваквиот вид на коалиција обезбедува можност за поголема застапеност на нивните интереси во сите гранки на американската власт“, коментира Фоли.

Членството на Македонија во НАТО е едно од централните прашања за македонската дијаспора, кое и натаму е отворено. Што понатаму? Еве како мисли Лук Кофи, аналитичар од фондацијата Херитиџ, кој присуствуваше на собирот:

„Разочарувачки е што Македонија не го доби своето макотрпно заработено членство во НАТО на самитот во Чикаго. Државната секретарка Хилари Клинтон изрази надеж дека Чикаго ќе биде последен самит на НАТО без проширување. Лично, сметам дека Македонија би требало да стане членка на НАТО уште утре, но реално, тоа најверојатно ќе се случи веќе на следниот самит“, Лук Кофи.

Претседателот на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон Мето Колоски го најави следниот чекор на коалицијата на иселениците од регионот: промоции на економските капацитети на земјите од кои доаѓаат:

Следните чекори се проекти околу економскиот развој и евроатланските интеграции на регионот
Мето Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

“По една година, успеавме скоро сите да ги обединиме во една коалиција на Југоисточна Европа. Имавме претставници од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција. Следните чекори се проекти околу економскиот развој и евроатланските интеграции на регионот“, вели Колоски.

За Џејмс Дин, заменик-директорот на програмата за владини истражувања на Херитиџ, Балканот е успешна приказна според реформите и странските инвестиции: „Странските инвеститори бараат места за инвестирање каде нема етнички конфликти. Сакаат стабилна клима за своите долгорочни инвестиции во вид на изградба на фабрики“.
XS
SM
MD
LG