Деми Мур стави крај на шестгодишниот брак со Ештон Кучер по неодамнешните озборувања во Холивуд дека помладиот актер имал врски со други жени.
„Донесов тешка одлука и неволно, но како жена и мајка постојат одредени вредности што за мене се неприкосновени и решив да се придржувам до нив“, стои во соопштението што го издаде Мур.
33-годишниот Кучер веднаш возврати преку Твитер: “Секогаш ќе се сеќавам на времето минато со Деми како на прекрасен период. Бракот е една од најтешките работи во светот и за жал, понекогаш не успева“.
49-годишната актерка претходно беше 13 години во брак со актерот Брус Вилис, со кого има три ќерки.