Линкови за пристапност

Ирскиот премиер го слави Свети Патрик во САД


Ирскиот премиер го слави Свети Патрик во САД
Ирскиот премиер го слави Свети Патрик во САД

Енда Кени ќе се сретне со Обама и Бајден во Вашингтон за традиционалното одбележување на денот

Ирскиот премиер Енда Кени е во Вашингтон како дел во традиционалното прославување на настаните врзани со празникот Свети Патрик.

Кени ќе се сретне со потпретседателот Џо Бајден во неговата резиденција во Морнаричката опсерваторија пред да замине за разговор со претседателот Барак Обама во Белата куќа. Тој ќе има работен ручек со членови на Конгресот на Капитол хил.

Кени вечерва ќе се врати во Белата куќа за прием по повод Денот на Свети Патрик, каде ќе му подари на претседателот традиционален пехар со детелини.

Свети Патрик е празник во чест на заштитникот на Ирска. Многу претци на ирските Американци дошле во САД во 1840-тите за да ја избегнат голема сиромаштија и глад во Ирска.

Ирскиот министер за надворешни и трговски работи Имон Гилмор го придружува премиерот Кени во САД и ќе присуствува на традиционалната годишната парада во Њујорк по повод празникот.

XS
SM
MD
LG