Цигарите убиваат речиси шест милиони луѓе годишно. Ваква црна статистика објави Светската здравствена организација (СЗО) по повод 31-ви мај, Светскиот ден против пушењето. Организацијата очекува бројката да порасне на осум милиони луѓе годишно до 2030-та. Четири од пет смртни случаи се во земјите со ниски или средни примања.
Иако има се` помал број пушачи во богатите земји, СЗО наведува дека индустријата за цигари наголемо цели врз сиромашните земји во Африка и Азија, како и меѓу жените и младите, кои се особено ранливи категории на нејзините маркетинг-стратегии.
Директорот на Одделот на СЗО за заштита од незаразни болести, Даглас Бечер, вели дека индустријата со цигари знае дека рекламата е еден од најефикансите начини да примамите некој - да запали.
„Истражувањето покажа дека една-третина од младите почнуваат да пушат поради влијанието на рекламите и спонзорствата. Во светот, 70% од тинејџерите меѓу 13 и 15 години јавуваат дека секојдневно се изложени на реклами, промоции или спонзорства“, наведува Бечер.
Претставникот на СЗО дава податок дека повеќето зависници од никотин започнале да пушат пред 20-тата година од животот. Затоа, вели, забраната за рекламирање, промоција и спонзорство на цигари е еден од најдобрите и најефтини начини да се заштитат младите.
Но, Бечер предупредува дека индустријата со цигари е мошне итра и брзо применува нови рекламни стратегии за да ги избегне забраните
„Даваат подароци и продаваат брендирани прoдукти, како облека, најмуваат познати да влијаат на другите, особено меѓу младите во ноќните клубови, плаќаат за отстапен простор во филмовите и телевизиски програми“, вели Бечер.
СЗО потсетува дека во светот има само 19 земји со целосна забрана за рекламирање на цигари. Тоа е само шест проценти од светското население.
Меѓу позитивните трендови, во Турција и Уругвај, мерките за забрана за рекламирање на цигари имале најголем успех. Анкетите покажуваат дека превалентноста на пушачи во Уругвај се намалила за 17%, а во Турција за 13%.